Швеѓаните излегоа на улица против владините ковид мерки

Хаос на протестите во Стокхолм. Шведската полиција се обидува да ги растера демонстрантите кои се собраа против забраните воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, кои организираа протест во главниот град на Шведска. Протестот беше организиран и покрај забраната за големи собири.

Полицијата го блокираше мостот во центарот на градот и на нејзината веб-страница пишува дека води дијалог со организаторите за да ги убеди демонстрантите да се разотидат, пишува „Ројтерс“.

Како што пренесуваат тамошни медиуми, еден полицаец е полесно повреден и пренесен во болница.

Според шведскиот дневен весник „Дагенс Нихетер“, демонстрантите пристигнале од повеќе делови на земјата каде што е во сила забрана за јавни собири на повеќе од осум лица.

Шведска, која има 10 милиони жители, во петокот регистрираше 4.831 нов случај на коронавирус и 26 нови смртни случаи, вкупно 13.003 смртни случаи од Ковид-19.

Владата минатиот месец објави дека ќе го скрати работното време на рестораните, баровите и кафулињата и ќе ги засили ограничувањата на бројот на луѓе дозволени во продавниците, во обид да се избегне трет бран на пандемијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.