Макрон: САД победија со вакцините против Ковид-19

Претседателот на Франција рече дека Соединетите Американски Држави победија кога станува збор за вакцините против Ковид-19, благодарение на огромните инвестиции и брзите експериментални третмани.

Макрон ги повика своите сонародници да се приклучат на, како што кажа, националниот воен напор за дистрибуција и производство на вакцини.

За време на посетата на фабриката која оваа недела почна со производство на вакцината на „Фајзер“, Макрон вети дека Франција годинава ќе произведе 250 милиони дози вакцини за домашна и глобална употреба.

Во услови на незадоволство во Франција во врска со фактот дека ниту една француска компанија досега не произведе вакцина против коронавирус и покрај моќната фармацевтска индустрија, Макрон вети дека ќе вложи напори за поттикнување на развој и производство на вакцини на локации како што е фабриката „Делфарм“ што ја посети.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.