Шведска: Наместо „Астразенека“, друга вакцина како втора доза

Швеѓаните помлади од 65 години, кои примиле една доза на вакцината против коронавирус од „Астразенека“, како втора доза ќе примат вакцина од друг прозиводител, објави денеска Шведската здравствена агенција.

„На лицата под 65-годишна возраст, кои веќе примиле доза од 'ваксзеврија' (што е новото име на вакцината oд 'Астразенека'), треба да им се понуди втора доза од друга таканаречена mRNA вакцина како што е онаа на 'Фајзер' / 'Бионтек' или 'Модерна'“, посочи здравствената агенција во соопштението, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.