Уапсен екстремист во Германија, испраќал заканувачки писма до истакнати лица

Германската полиција уапси 53-годишен маж осомничен дека испратил десетици заканувачки писма до политичари, адвокати и новинари и ги потпишал со кратенката на ултрадесничарската екстремистичка организација Националсоцијалисти од подземјето (НСУ 2.0).

Обвинителството во Франкфурт, надлежно за овој случај, утрово потврди дека осомничениот е во притвор во Берлин.

Идентитетот на осомничениот не е откриен, но во изјавата се наведува дека тој е лице кое има криминално досие поради бројни дела, вклучително и оние мотивирани од ултрадесничарска идеологија“, пренесе АП.

Полицијата се сомнева дека уапсениот испратил речиси 100 заканувачки писма на адресите на десетици луѓе во Германија и Австрија од 2018 година.

Политичар од партијата на канцеларката Ангела Меркел беше убиен од неонацистите во јули 2019 година, а во февруари минатата година во Ханау, во близина на Франкфурт, убиец кој повикуваше на геноцид уби девет имигранти.

Германските безбедносни служби издадоа предупредување за зголемен ризик од ултрадесничарски екстремизам и насилство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.