Шефот на СЗО за Европа: Гледаме светлина на крајот од тунелот

Шефот на канцеларијата на СЗО во Европа, Ханс Клуге, изјави во Сараево дека е претпазлив оптимист и верува дека светот е на добар пат да ја спречи пандемијата на коронавирус, но предупреди да не се брза да со укинување на ограничувањата.

„Јас сум претпазлив оптимист, мислам дека ја гледаме светлината на крајот од тунелот“, рече Клуге пред новинарите по состанокот со претставници на БиХ, со кои разговараше за борбата против коронавирусот.

Клуге предупреди дека сепак е потребно да се остане буден бидејќи сè уште не е постигнат целосен успех, така што кон ограничувачките мерки треба да се придржува уште некое време за да инфекцијата не се прошири неконтролирано повторно.

„Она што се случи во Индија може да се случи насекаде. Ако имате масовни собири и нагло укинување на мерките, со продирање на нови варијанти на вирусот, проблемот лесно ќе се врати", рече Клуге.

Тој најави дека СЗО ќе стори сè што е во нејзина моќ за да го забрза производството и дистрибуцијата на вакцините, бидејќи тоа е најдобриот начин да се стави крај на пандемијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.