Путин: Москва останува медијатор околу Нагорно Карабах

Рускиот претседател Владимир Путин уште еднаш потврди дека Москва го задржала ставот дека сака да биде медијатор околу Нагорно Карабах за време на телефонскиот разговор со вршителот на должноста премиер на Ерменија, Никола Пашинјан, соопшти прес-службата на Кремљ.

„Русија ќе биде медијатор и во иднина и ќе обезбеди стабилност во регионот преку блиски контакти со Ереван и Баку“, се наведува во соопштението на Кремљ, пренесува ТАСС.

Од прес-службата на Кремљ изјавија дека Пашинјан е за конструктивен дијалог и интеракција што ќе овозможи решавање на сите прашања со помош на политички и дипломатски средства.

Минатата година заврши повеќенеделниот конфликт меѓу Ерменија и Азербејџан околу неговиот регион Нагорно Карабах со мнозинско ерменско население, кога на 9 ноември беше потпишан мировен договор со посредство на Русија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.