Џо Бајден на чај кај кралицата во текот на првото претседателско патување во странство

Бакингемската палата потврди дека кралицата ќе им биде домаќин на американскиот претседател и првата дама во замокот Виндзор викендов.

Со ублажување на рестрикциите по строгиот локдаун во Велика Британија, монархињата  се враќа на личните должности - на радост на кралските фанови. Еден од нејзините претстојни ангажмани е особено историски, бидејќи таа се подготвува да биде домаќин на американскиот претседател Џо Бајден за време на неговата посета на Велика Британија.

Бакингемската палата официјално ја потврди веста, со соопштение од Royal Communications кое гласи: „Кралицата ќе се сретне со претседателот на Соединетите Американски Држави и првата дама Џил Бајден во замокот Виндзор во недела на 13 јуни 2021 година.“

Нејзиното Височество ќе ги пречека претседателот и првата дама во Виндзорскиот замок. По нивното пристигање, почесната гарда составена од гренадири ќе даде кралски поздрав и ќе се интонира националната химна на САД.

Претседателот и првата дама потоа ќе ѝ се придружат на нејзиното височество за чај во резиденцијата на кралицата, замокот Виндзор.

Ова ќе биде петти пат монархињата да биде домаќин на американски претседател и прва дама во Виндзорскиот замок во последните неколку децении, по Доналд и Иванка Трамп во 2019 година, Барак и Мишел Обама во 2016 година, Џорџ и Лора Буш во 2008 година, Бил и Хилари Клинтон во 1995 година, Роналд и Ненси Реган во 1982 година.

Џо Бајден ќе биде 13-ти американски претседател што се сретнал со 95-годишната монархиња.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.