Фризери, угостители и адвокати почнуваат да се вакцинираат во Турција

Вакцинацијата на работниците во прехранбениот сектор, рестораните, кафулињата, како и берберниците и фризерниците почнува денеска во Турција, изјави турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа. Програмата за вакцинација почна и за адвокатите.

Досега тие беа вакцинирани според возрасни групи, за што требаше да го чекаат својот ред. Ова барање е отфрлено и тие ќе можат да се вакцинираат без ограничувања, рече министерот. Продолжува кампањата за вакцинација за над 45-годишни граѓани, која почна на почетокот на оваа недела.

Во Турција во моментов има две вакцини - Фајзер и Синовак. Граѓаните имаат право да изберат со која ќе се вакцинираат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.