Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години

Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ за деца на возраст од 12 до 15 години.

Агенцијата ја разгледа измената на лиценцата за вакцината на 'Фајзер' и откако потврди дека се исполнети сите законски услови, и пред сѐ, дека се исполнети највисоките професионални критериуми поврзани со безбедноста и ефикасноста, заклучи дека оваа вакцина може да се користи кај население на возраст од 12 до 15 години во Србија, јавија српските медиуми.

Како што е наведено, експертите строго ги контролирале сите научни податоци од клиничките испитувања спроведени од производителот во други земји.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.