(Видео) Камион прегази двајца учесници на Парадата на гордоста во Мајами, едниот почина

Камион прегази двајца учесници на вчерашната Парада на гордоста во Мајами, при што едниот почина а другиот е тешко повреден, соопшти локалната полиција.

„ Двајцата беа пренесени во медицинскиот центар Бродвеј, каде едниот им подлегна на повредите“, изјави детективот на Форт Лодердејл, Али Адамсон, на прес-конференција, изразувајќи доверба, заснована на медицински извештаи, дека другата жртва ќе преживее, објави Си-Ен-Ен.

Two people were hit by a truck at the start of the Stonewall Pride Parade. Please keep them and their loved ones in your prayers. pic.twitter.com/EF8InAl3Y3— Christine Hunschofsky (@CHunschofsky) June 20, 2021

Адамсон исто така потврди дека ФБИ помага во истрагата, но одби да каже дали истражителите сметаат дека инцидентот бил намерно испровоциран.

„Засега ги проценуваме сите опции“, рече детективот Адамсон, додавајќи дека сите можности се отворени.

Видеото од локалната телевизија ВПЛГ (WPLG), што го прикажа Си-Ен-Ен веднаш по инцидентот, покажува како едно машко лице е приведено, но Адамсон не сакаше да потврди дали станува збор за осомничениот во несреќата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.