Тројца работници повредени во експлозијата во фабриката во Чачак

Тројца работници се полесно повредени, а еден е задржан на одделение за интензивна нега на лекување, по вчерашните низа експлозии во фабриката „Слобода“ во Чачак, пренесуваат српските медиуми.

Евакуирани се околу 350 лица кои живеат во близина на фабриката. Во текот на ноќта беше изгаснат пожарот, по што дел од евакуираните се вратија во своите домови.

Explosions rocked the plant of Serbian ammunition manufacturer Sloboda in the city of Cacak. pic.twitter.com/ocniJcfipy— Никола Миковић / Nikola Mikovic (@nikola_mikovic) June 19, 2021

Според првите податоци, синоќешната детонација предизвикала пожар надвор од кругот на фабриката на две места.

Детонацијата ги искрши прозорците во еден погон на фабриката, при што тројца работници се здобиле со исеченици.

Ноќта мина без нови детонации и инциденти, а беспилотни летала го надлетуваа кругот на фабриката.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.