Папата предложи таткото на модерна Европа, Роберт Шуман да биде прогласен за светец

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, предложи еден од основачите на модерна Европа, Роберт Шуман, да биде прогласен за светец.

Во соопштението од Ватикан се наведува дека Папата одобрил указ со кој се признаваат херојските дела на Шуман, кој почина во 1963 година. Ова признавање е една од раните фази во долг процес што води кон канонизација.

Работата на Шуман беше клучна за воспоставување на денешните институции во Европа, како што е Европската унија. Тој беше француски премиер и министер за надворешни работи веднаш по Втората светска војна и играше улога во основањето на НАТО.

Во текот на 1950 година беше предложен „Планот на Шуман“ за јаглен и челик, кој прерасна во Европска економска заедница во 1957 година, а потоа во ЕУ во 1993 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.