Путин на 30 јуни преку директна линија ќе одговара на прашања од граѓаните
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 20 Јуни 2021
Рускиот претседател Владимир Путин ќе одговори на прашањата на граѓаните на 30 јуни во рамките на традиционалната телевизиска програма „Директна линија“, објави Кремљ.
„ Програмата ќе се емитува во живо и ќе започне во 12:00 часот по московско време“, се вели во соопштението, а се додава дека преносот ќе биде на повеќе руски телевизии и радио станици.
Кремљ наведува дека секој може да му постави прашање на претседателот преку специјална апликација на мобилните телефони „Москва-Путин“, што овозможува видео врска со студијата за време на програмата.
Прашања може да се постават и преку веб-страницата москва-путин.ру (moskva-putin.ru), преку текстуални или ММС-пораки или преку телефон.
Текстуални и видео прашања до рускиот претседател може да се постават преку социјалните мрежи „Вконтакте“ и „Однокласник“.
Прашања може да се постават од денеска во 12:00 часот па се до крајот на програмата на 30 јуни.
Според статистичките податоци, бројот на прашања поставени до рускиот претседател варира од стотици илјади во 2001 година до неколку милиони. Во 2019 година, рускиот лидер помина четири часа и осум минути одговарајќи на 81 прашање.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс