Без образложение исклучена единствената нуклеарна централа во Иран

Единствената иранска нуклеарна централа, без образложение е привремено итно исклучена, објави денеска иранската државна телевизија.

Официјалниот претставник на државната компанија за електрична енергија „Таванир“, Голамали Ракшанимер, вели дека исклучувањето на централата во Бушер почнало во саботата и дека тоа ќе трае три до четири дена.

Тој посочи дека како резултат на тоа може да дојде до прекин на електричната енергија.

Ова е првпат Иран да објави вонредно исклучување на централата во јужниот пристанишен град Бушер. Овој погон започна со работа во 2011 година со помош на Русија. Бушер се напојува со ураниум произведен во Русија, а не во Иран и е под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија на Обединетите нации (МААЕ).

Најновата вест доаѓа во време кога високи дипломати известија дека е постигнат натамошен напредок во неделните разговори меѓу Иран и глобалните сили во обид да се обнови договорот од 2015 година за ограничување на иранската нуклеарна програма, од кој САД отстапија за време на администрацијата на Трамп.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.