Нова студија: Оздравените oд ковид да се вакцинираат за стопроцентна сигурност дека нема пак да се заразат

Студија на Медицинскиот универзитет во Инсбрук докажува дека по заздравувањето од Ковид-19, се стекнува стабилен долгорочен имунитет.

„Можеме да бидеме многу сигурни дека стекнуваме имунитет. Можеби е полесно и побезбедно да се добие имунитет преку вакцината, бидејќи со тоа се избегнува опасност од долгорочни последици“, изјавил за агенцијата АПА, авторот на студијата, Флоријан Дајзенхамер.

Тој посочил дека оние кои биле подложени на корона имаат имунитет.

„Вирусот разбира само еден јазик, а тоа е убиство со имунитет“, додава шефот на Одделот за невроимунологија.

Дајзенхамер ги советува оздравените и покрај тоа да примат вакцина.

„Вакцината е само дополнителен трик во раката, кој дава конечна сигурност. Тоа е крајната заштита. Не сум запознаен со ниту еден извештај во кој некој што оздравел, а потоа се вакцинирал, повторно се разболел“, вели австрискиот експерт.

Според него, опоравените кои се дополнително вакцинирани имаат скоро стопроцентна сигурност дека нема повеќе да се заразат.

„Анализите јасно покажуваат огромна имунолошка реакција, кога веќе оздравените, по шест до 12 месеци ќе примаат вакцина“, објаснува тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.