Во Грција нема да има ново заклучување

Грчкиот министер за развој и инвестиции, Адонис Јоргиадис денеска ја отфрли можноста од ново заклучување што би го ограничило движењето на вакцинираните лица.

„Имаме зголемување на новозаразени случаи со коронавирус“, изјави Јоргиадис во интервју за грчка телевизија, и додаде дека во овој момент нема притисок врз здравствениот систем, пренесуваат грчките агенции.

Како што се наведува, министерот истакнал дека тие веќе започнале со мерки, и дека сега е потребно мирно да се справат со новата состојба кога ширењето на делта-сојот е насекаден, како и да се следи состојбата.

Кога станува збор за можноста за целосно заклучување на земјата, министерот потенцирал дека нема можност во иднина таа да биде целосно спроведена, бидејќи оние кои биле вакцинирани не се во опасност да завршат на интензивна нега.

Во врска со вакцинираните, министерот додал дека тие ја извршиле својата должност и дека сега никој нема право да им каже да останат дома.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.