Берлин одобри 400 милиони евра итна помош за жртвите од поплавите

Германската сојузна влада е подготвена да обезбеди уште поголема помош за регионите што неодамна беа сериозно погодени од поплави, па, така, одобри 400 милиони евра итна помош за жртвите од природната катастрофа, објави АП.

Властите ветија дека набргу ќе почнат со обнова на разурнатите области.

Владата очекува да потроши милијарди евра за реновирање, но сè уште не е познато колку точно средства ќе бидат инвестирани додека не се процени големината на штетата.

Најмалку 171 лице загинаа во минатонеделните поплави во најголемата природна катастрофа во Германија во повеќе од половина век.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.