Макрон нареди истрага за случајот со шпионски софтвер „Пегасус“

Францускиот претседател Емануел Макрон побара серија истраги за случајот со шпионски софтвер „Пегасус“, изјави премиерот Жан Кастекс за радиодифузерот ТФ1.

Изјавата на Кастекс следува по обелоденувањето дека телефонот на претседателот Макрон во 2019 година можеби бил мета на шпионскиот софтвер „Пегасус“, развиен од групацијата НСО со седиште во Израел.

Француски „Ле Монд“ објави дека телефонот на Макрон бил идентификуван како можна цел на шпионскиот софтвер „Пегасус“, кој неодамна се најде на насловните страници, откако новинарска истрага откри дека бил користен за шпионирање на илјадници политичари, бизнисмени и новинари во светот.

„Ле Монд“ посочи дека мароканските разузнавачки служби можеби ги шпионирале телефоните на Макрон како и на тогашниот премиер, Едуард Филип и на уште 14 министри.

Во исто време, Кастекс посочи дека е прерано да се разговара за можната реакција на Франција додека не се дознаат сите детали.

Група од 17 истакнати медиуми и групи за заштита на човековите права во неделата објави извештај во кој детално се наведува како шпионскиот софтвер „Пегасус“, развиен од израелската група НСО, бил користен од клиенти поврзани со владата за хакирање на најмалку 50.000 телефонски броеви во различни земји, вклучително и во Франција.

Групацијата НСО ги отфрли извештаите како „непотврдени теории“, истовремено изразувајќи сомнежи за доверливоста на изворите на истрагата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.