Затворска казна за белоруски новинар за навреда на претседателот

Судот во Белорусија осуди новинар на една ипол година затвор за навреда на претседателот во пораки во избришана чет група, објави белоруската асоцијација на новинари.

Пресудата против Сиархеј Харџијевиќ (50) е дел од масовната пресметка што белоруските власти неодамна ја спроведоа против независни медиуми и активисти за човекови права, објави АП.

Харџијевиќ денеска беше прогласен за виновен за навреда на претседателот и за клевета на полицајците, според здружението.

Судот го осуди на затвор и парична казна од 1.600 долари.

Обвиненијата против новинарот беа покренати поради пораки во групата за разговор на апликацијата за пораки „Вибер“, која беше избришана минатата година.

Харџијевиќ, кој работел за регионалниот весник „Први регион“, изјави дека не се смета себеси за виновен.

Неговите адвокати побараа отфрлање на обвиненијата поради недостаток на докази и поради тоа што кривичното дело било невозможно да се утврди.

Вкупно 29 белоруски новинари се во затвор или чекаат судење или веќе издржуваат затворска казна.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.