Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст.

Лазански починал во својот дом во Белград како последица на срцев удар, како што пренесуваат медиумите во регионот.

Тој беше амбасадор на Србија во Русија, а на позицијата беше именуван во 2019 година. Пред да биде поставен за амбасадор, Лазански беше пратеник од листата на партијата на српскиот претседател Александар Вучиќ, Српска напредна странка.

Лазански пишуваше за загрепските весници „Полет“, „Вјесник“, „Данас“ и „Старт“. Во февруари 1991 година се пресели во Белград и почнал да пишува за дневниот весник „Политика“. Пишуваше и за „Политика експрес“, „НИН“, „Вечерње новости“, „Катимерини“, „Дајмонд викли“ и „Секјуритаријан“. Напиша десет книги и е автор на десетина телевизиски серијали.

Известуваше од војните во Авганистан, Бејрут, Чеченија, Заир, Либан, конфликтот Ирак-Иран, за време на операцијата Пустинска бура, за време на војната во Босна и Херцеговина, Словенија, Косово, Либија итн.

Интервјуираше двајца врвни команданти на НАТО, тројца маршали на СССР, шефови на КГБ, на КХАД, педесетина министри за одбрана и началници на генералштабовите на светските армии, вклучувајќи ги и началниците на генералштабовите на Руската Федерација, кинеската и јапонската војска. Единствениот југословенски новинар што пловеше во нуклеарната подморница, американскиот Таутог, леташе со авион Ф-14, беше на носачот на авиони Џон Ф. Кенеди и леташе со МиГ-29.

Воениот рок го отслужил во 1977 година во Битола во 41-та пешадиска дивизија на ЈНА. Тој беше награден со Медал за воени заслуги.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.