Гори нов пожар во Турција во близина на термоелектрана

Нов пожар избувна попладнево во близина на термоелектрана во југозападна Турција, јавуваат медиумите. откако пожарникарите претходно успеале да локализираат други пожари во истата област.


Пожарот избувна во подножјето на ридот во близина на термоелектраната Кемеркој во близина на градот Милиас, југозападна Турција. Огромни топови чад ја покриваат централата.
"Пожарот стигна во близина на фабриката. Не можеме да видиме ништо поради чадот и пламените јазици. Сакаме итен авион за гаснење пожар да биде испратен овде", порача градоначалникот на Милас, Мухамет Токат, во видео на Твитер.

Резервоарите за водород што се користеа за ладење на централата беа испразнети и наполнети со вода како мерка на претпазливост.

Друго видео поставено од градоначалникот покажува снимка од селото Туркевлери, во близина на термоелектраната Милиас, каде што жителите во паника се евакуираат.
Термоелектраната работи со јаглен и мазут, изјавија властите за медиумите.


До сега осум лица загинаа во пожарите што беснеат во јужна Турција повеќе од една недела.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.