Евакуирани манастирот и селата од грчкиот остров Евија

Манастир и десетина села попладнево беа опколени со пламен на островот Евија, на 200 километри од Атина, а пожарот се шири неконтролирано, изјавија пожарникарите на местото на настанот, пренесесуваат медиумите.

Жителите на дванаесет села на кои им се закануваше пожарот веќе се евакуирани. Тројца монаси од манастирот Свети Давид, во близина на Ровис, во северниот дел на островот Евија, одбија да го напуштат светиот манастир, објавија локалните медиуми. Информацијата ја потврдија и пожарникарите.

Пламенот е висок 30 до 40 метри и го опкружува манастирот. Се гушиме од чад, изјавуваа монасите.

Заменик -градоначалникот на соседното село, Аргирис Лиаскос, изрази жалење што не е испратен авион за гаснење на пожарот. Најмалку 150 куќи изгореа, рече тој.

Во Грција, која е зафатена од екстремни горештини, денеска беснеат околу 40 пожари. Тројца пожарникари се полесно повредени во пожарот на островот Евија.
Пожар избувна и во близина на селото Олимпија, но древниот комплекс каде се одржуваа првите Олимписки игри не беше загрозен од пожарот, велат пожарникарите.
Мобилизирани се околу стотина пожарникари, помогнати од три хеликоптери и два противпожарни авиони, за да го локализираат пожарот во областа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.