Во Србија 40 починати и над 6.000 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 40 починати од коронавирус и 6.462 нови случаја. Во болница се лекуваат 5.401 пациент, од кои 201 се на респиратор.

Вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата се искачи на 899.485.

Од почетокот на епидемијата во Србија починаа 7.966 лица.

Србија е на 37. место во светот според бројот на заразени, според листата што ја објавува специјализираната веб-страница worldometers.info, а според бројот на смртни случаи на милион жители земјата се наоѓа на 76. место.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.