Пцовиса најстариот бел носорог во светот

Тоби, најстариот бел носорог во светот, пцовиса на 54-годишна возраст во зоолошка градина во северна Италија.

„Ноно Тоби почина на 6 октомври“, изјави Елиса Ливија Пеначиони од зоолошката градина „Парко натура вива“ во близина на Верона за „Франс прес“.

Тоби ќе биде изложен во музејот „Му Се“ во Трент, каде што ќе ѝ се придружи на Бланка, бел лав од зоолошката градина, кој починал пред пет години.

Белите носорози обично живеат до 40 години во заробеништво и до 30 години во дивината.

Смртта на Тоби, по смртта на неговата партнерка Шугар во 2012 година, ја остава „Парко натура вива“ со единствениот бел носорог, Бен, кој има 39 години.

Во светот останаа само два примерока од северните бели носорози, кои живеат во Кенија и кои деноноќно ги чуваат вооружени чувари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.