(Видео) Ескалација на немирите на Косово - тешко повреден Србин во Звечан

Србин е ранет за време на полициската акција во Звечан, пренесуваат српските медиуми. Како што се наведува, тој бил застрелан во грбот и е во многу тешка состојба.

„ Повредата е нанесена од огнено оружје, тој е застрелан во пределот на градите. Неговото рамо и реброто беа повредени, ние се подготвуваме за операциона сала за да го отстраниме куршумот. Тој се наоѓа на интензивна нега и е во сериозна состојба", рече хирургот Златан Елек, Директор на КБЦ Косовска Митровица.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ на прес -конференција рече дека има десетици повредени Срби во акцијата на косовската полиција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.