(Видео) Вонредна состојба во Чиле - претседателот ја испрати војската на југот од земјата

Чилеанскиот претседател Себастијан Пинера прогласи вонредна состојба и испрати војска на југот на земјата, поради зголемените конфликти со староседелците Мапуче, кои бараат враќање на земјата и регионална автономија.

Пинера, 71-годишен милијардер и член на конзервативната Национална партија за обнова, рече дека испратил воени сили во четири провинции во регионите Биобио и Арауканија за да се борат против сериозните нарушувања во тие провинции.

Претседателот и неговите сојузници тврдат дека „акти на насилство поврзани со шверц на дрога, тероризам и организиран криминал“ се случуваат на југот на земјата и дека вооружени групи убиле цивили и полицајци.

Околу 1,7 милиони припадници на Мапуче живеат во Чиле, што е 10% од вкупното население во земјата. Со години тие бараат враќање на земјиштето што им го одзеле колонијалистите. Тоа се земјишта кои сега се во сопственост на големи фарми и компании за сеча.

Според странските медиуми, староседелците се лути бидејќи властите упорно ги игнорираат барањата, па некои групи одлучиле со оружје да се свртат кон насилство. Во изминатите 10 години, тие напаѓаа камиони и го саботираа производството на храна и дрвната индустрија.

Нивните активности го загрозуваат бизнисот на богатите мултинационални компании за сеча и извозници на храна, со што се загрозуваат економските интереси на владејачката класа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.