(Видео) Петковиќ: Ако КФОР не е подготвен да го заштити српскиот народ, има кој да го стори тоа

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, на прес-конференција рече дека има десетици повредени Срби во акцијата на косовската полиција.

„Имаме десетици наши луѓе повредени. Поради акцијата на Курти, Александар Вучиќ итно се упати кон Рашка, каде што во 15 часот ќе има состанок со претставници на Србите од Косово и Метохија“, рече Петковиќ.

Тој нагласи дека оваа акција е извршена по наредба на психопатот Курти. Потврди дека Среќко Софронијевиќ (36) е ранет и дека лекарите се борат за неговиот живот.

Петковиќ наведе дека косовската полиција отворила оган врз „српскиот народ со голи раце“.

Тој праша што ќе направат НАТО и КФОР, чија обврска, како што нагласи, според Резолуцијата 1244, е да го брани српскиот народ и да обезбеди сигурност.

„Падна првата капка крв, српска крв“, изјави Петковиќ и ги повикува КФОР и меѓународната заедница да престанат со „лудилото на Курти“.

„Ако КФОР не е подготвен да го заштити српскиот народ, има такви што ќе го сторат тоа“, рече Петковиќ повикувајќи го српскиот народ да се воздржи.

Во меѓувреме, припадниците на косовската полиција почнаа да се повлекуваат од Звечан, а по патот се забележуваат патрони направени од бојна муниција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.