Борел: Инцидентите во северно Косово мора веднаш да престанат

Насилните инциденти на северот на Косово мора веднаш да престанат, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел како одговор на инцидентите на северот на Косово во кои беше повреден 36-годишен маж.

Борел на Твитер нагласи дека еднострани и некоординирани дејствија што ја загрозуваат стабилноста се неприфатливи.

„Сите отворени прашања мора да се решат преку дијалог со посредство на ЕУ“, рече Борел, нагласувајќи дека Брисел е во контакт со Белград и Приштина.

Жителите во северниот дел на Косово на акцијата на косовската полиција, организирана за сузбивање шверц, одговорија со протести, проследени со серија инциденти и судири со употреба на солзавец и шок-бомби, а 36-годишен маж беше ранет.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.