САД повикуваат на смиреност по насилствата на Косово

САД повикуваат на смиреност по вчерашните настани на Косово и Метохија.

„ Ќе продолжиме да работиме со партнерите од ЕУ и НАТО за да им помогнеме на сите страни да одржат напредок во нормализирање на односите и намалување на тензиите“ изјави портпаролот на Стејт департментот.

Претходно, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеф Борел изјави дека едностраните дејствија што ја загрозуваат безбедноста се неприфатливи. Тој напиша на Твитер дека насилните инциденти на северот на Косово мора веднаш да прекинат и посочи дека еднострани и некоординирани дејствија што ја загрозуваат стабилноста се неприфатливи.

„Сите отворени прашања треба да се решат преку дијалог со посредство на ЕУ. Ние сме во контакт со Белград и Приштина“, напиша тој.

Селаните од српска националност ги блокираа патиштата и се судрија со полицијата во северно Косово, додека полициските единици вршеа акција со цел да се спречи прекуграничниот шверц. Во насилствата, како што пренесуваат медиумите, повредени се десетици луѓе, вклучително и полицајци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.