Во Србија стигнаа уште 250.000 вакцини „Спутник В“

Уште 250.000 дози вакцини „Спутник В“ пристигнаа синоќа во Србија, и тие веднаш беа транспортирани до Институтот Торлак, изјави Ненад Поповиќ, министер во српската влада и претседател на Меѓувладиниот комитет за соработка со Русија.

„Вакцините беа доставени во Србија од фабриката Генериум во Владимирскиот регион“, рече Поповиќ.

Тој посочи дека руската вакцина „Спутник В“ има потврдена ефикасност од над 97 проценти.

„'Спутник В' е одлична и како 'бустер' вакцина, односно како трета доза од вакцината за граѓаните кои претходно примиле две дози од која било вакцина“, рече министерот Поповиќ.

Според него, вакцините ќе бидат дистрибуирани до центрите за вакцинација низ Србија што е можно поскоро.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.