Државен удар во Судан - премиерот и неколку политичари во притвор

Суданските воени сили уапсија неколку цивилни функционери на таа земја, јави телевизијата Ал Хадат.

Како што се наведува, премиерот Хамдок е ставен во домашен притвор, откако неидентификувани воени сили ја опколиле неговата куќа рано утринава.Исто така, според информациите, истите сили уапсиле четворица министри, еден цивилен член на владејачкиот Суверен совет и неколку државни гувернери и шефови на политички партии.

Силно вооружена суданска армија и паравоени сили се распоредени денеска низ главниот град Картум, ограничувајќи го движењето на цивили.

Демонстрантите, кои се против државниот удар, носеа државно знаме и запалија гуми во различни делови на градот, јавува „Ројтерс“.

Воените сили уапсија неколку цивилни функционери пред зори, објави ТВ „Ал Хадат“, додека истакната продемократска група ги повика Суданците да излезат на улиците за да се спротивстават на каков било воен удар.

Суданската професионална асоцијација (SPA) денеска повика на генерален штрајк и граѓанска непослушност пред „воениот удар“, по апсењето на истакнати членови на цивилното раководство во земјата.

Повеќето членови на суданската влада и голем број лидери на провладините партии се уапсени во очигледен државен удар во Картум, објави сведок на „Ројтерс“.

Аеродромот во Картум е затворен, а меѓународните летови денеска се суспендирани, објави телевизијата „Ал Арабија“, со седиште во Дубаи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.