Затворениците бараат достава на пица - бунт во затворот во Сплит

Управата на затворот во Сплит побара трансфер на еден затвореник поради најава за штрајк со глад. Имено, тие бараат подобрување на условите, а како едно од барањата навеле и дека сакаат достава на пица во ќелиите, пишува „Далматински портал“

Затвореникот Деан Мартедиќ наречен Џиџи бил префрлен од Сплит во затворот Шибеник. Трансферот бил побаран од Управата на затворот бидејќи бил откриен како еден од организаторите и поттикнувачите на петицијата и евентуалниот штрајк со глад.

Се проценува дека неговото преместување ќе ја подобри безбедносната ситуација бидејќи тој има големо влијание во затворот.

Ова не е првпат затворот во Сплит да се соочи со бунт на затворениците, а Мартедиќ учествуваше во него пред 15 години. Додека ја чекал пресудата поради продажба на дрога со уште неколку притвореници, тој ја блокирал вратата на ќелијата и нападнал еден затвореник.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.