Најмалку 27 мигранти се удавија во Ла Манш, Франција и Велика Британија меѓусебно се обвинуваат

Бројот на загинати при превртување на чамец со мигранти на Ла Манш меѓу Франција и Велика Британија е најмалку 27, а не 31, како што првично објави француската страна, јавува Би-Би-Си.

Француската влада утрово ќе одржи вонредна седница на која ќе се расправа за трагедијата.

 

 

Во телефонски разговор синоќа, премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон и претседателот на Франција Емануел Макрон се договорија да вложат заеднички напори за да ги спречат мигрантите да одат на вакви опасни патувања.

Џонсон ја повика Франција да прифати британска гранична патрола долж францускиот брег, но Макрон го предупреди да не го користи случајот „за политички цели“.

Макрон вети дека ќе направи се' што е потребно за да не дозволи Ла Манш да стане гробишта.

Франција почна да ги идентификува жртвите, а две лица се во болница поради хипотермија.

Француската полиција уапси четири лица осомничени за криумчарење луѓе.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.