Најголема катастрофа во Русија во последните 10 години: бројот на жртви во рудникот се искачи на 57

Инцидентот се случи кога се запали јагленовата прашина во вентилациската шахта исполнувајќи го окното на сибирскиот рудник со чад поради што на самото место починале 11 лица.

До вечерта како резултат на неуспешната операција за извлекување десетици исчезнати или заробени рудари се претвори во трагедија откога неколку спасувачи наводно се задушиле.

 

 

Oд итната помош соопштија дека никој не останал жив. Повеќето од тие 285 луѓе во рудникот „Листвјажнаја“, во областа Кемерово, на околу 3.500 километри источно од Москва, побегнале веднаш по инцидентот,

Официјални лица соопштија дека 49 рудари биле пренесени во болница со повреди. Некои од нив добиле труење со чад, а четворица се во критична состојба.

Десетина рудари не можеле да избегаат по првичниот инцидент, но спасувачките операции мораа да бидат прекинати кога беше откриено опасно високо ниво на метан во рудникот, што предизвика страв од можни експлозии.

Една од спасувачките екипи не успеала да излезе од рудникот. Подоцна беа пронајдени телата на тројца спасувачи, со што официјалниот број на загинати се искачи на 14.

Доцна во четвртокот неколку извори изјавија за руските медиумски агенции дека не се очекува да бидат пронајдени повеќе преживеани и дека бројот на загинатите се искачил на повеќе од 50, вклучително и шест спасувачи, кои настрадале за време на акцијата за извлекување на рударите.

Според последните информации, вкупниот број жртви во оваа несреќа во рудникот е 57. Три лица, меѓу кои и директорот на рудникот, се уапсени поради наводни безбедносни нарушувања.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.