Во Русија потврдени првите два случаја на омикрон

Во Русија се потврдени првите два случаја на омикрон-варијантата на коронавирусот.

Сојот oмикрон е потврден кај две лица што пристигнале од Јужна Африка, пренесе „РИА новости“.

 

 

Омикрон досега е регистриран во повеќе од 35 земји. Научникот што прв го откри новиот сој рече дека е загрижувачка брзината со која оваа варијантата ја акумулирала својата необична шема на мутации.

„Сѐ уште се обидуваме да разбереме како има толку многу мутации кај омикрон за толку кратко време. Ако ги анализирате претходните соеви, како алфа и бета, ќе видите дека мутациите се случиле побавно, со текот на времето“, објасни Сикулиле Мојо.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.