Ѓоковиќ нема да оди во притвор

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ засега нема повторно да се најде во притвор во Австралија, пренесувааат агенциите.

Според написите, од него било побарано да се појави на интервју со службениците за имиграција.

 

 

Поради тоа, тој ќе остане надвор од притвор за време на разговорот и евентуалните правни постапки, пишуваат светските медиуми.

Претходно се појавија информации дека притворот може да следи како последица на одлуката на министерот за имиграција Алекс Хок да му ја одбие визата на Ѓоковиќ, т.е. ја поништи претходната судска одлука.

Нејасно е дали федералните власти планирале да го вратат во „Парк хотелот“ во Калртон, каде што бил со мигрантите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.