Три месеци пред изборите - Макрон има најголема поддршка од Французите

Актуелниот француски претседател Емануел Макрон ја ужива популарноста на 38 отсто од Французите три месеци пред првиот круг на претседателските избори, а неговата популарност е поголема од претходниците во истиот период, ги објави париски „Фигаро“ резултатите од новата анкета.

И покрај фактот што Макрон неодамна предизвика контроверзии велејќи дека ќе им го отежни животот на оние што одбиваат да ја примат вакцината против коронавирусот, неговата популарност не опаѓа, а со 38 проценти од популарноста Макрон е во релативно удобна позиција пред првиот круг.

 

 

Неговите претходници овој период не ја уживаа истата популарност на речиси три месеци пред изборите.

Социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд беше популарен кај само 19 отсто од Французите, а десничарскиот претседател Никола Саркози имаше 29 отсто од француската поддршка.

Претседателските избори во Франција ќе се одржат во два круга, на 10 и 24 април.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.