Австралискиот премиер за Ѓоковиќ: Мора да се заштити резултатот од нашето жртвување
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 14 Јануари 2022
Австралискиот премиер Скот Морисон ги коментираше последните случувања во врска со Новак Ѓоковиќ, откако австралискиот министер за имиграција Алекс Хок го искористи своето дискреционо право и му ја поништи визата на најдобриот светски тенисер.
„Разбирам дека по внимателно разгледување, визата на Ѓоковиќ беше укината врз основа на заштитата на јавното здравје и добриот ред“, рече Морисон.
„Австралијците претрпеа многу жртви за време на оваа пандемија и со право очекуваат дека резултатите од нивното жртвување ќе бидат заштитени. Тоа го направи министерот со преземањето на оваа акција“, изјави австралискиот премиер, цитиран од Би-би-си.
Ѓоковиќ има право на жалба на одлуката, а постои можност неговите адвокати да побараат скратено рочиште за постапката да биде завршена до недела, со оглед на тоа што Австралија опен започнува в понеделник, на 17 јануари. Портпаролот на Федералниот окружен суд вели дека тие се „во приправност“ во случај на правно оспорување на одлуката, но дека досега не е поднесена жалба.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс