Германските лекари стравуваат дека скратувањето на карантинот ќе доведе до поголемо ширење на вирусот

Здружението на лекари во Германија предупреди дека законот штотуку усвоен во парламентот, кој го скратува времетраењето на карантинот, може да доведе до побрзо ширење на Ковид-19.

Според законот одобрен од Горниот дом на парламентот, луѓето кои добиле бустер и кои дошле во контакт со заразено лице нема да мора да бидат ставени во карантин. Истото ќе важи и за оние кои примиле втора доза или прележале Ковид-19 во последните три месеци.

 

 

Задолжителниот карантински период за многу други групи кои не добиле бустер ќе се скрати на седум дена, со негативен ПЦР тест или антигенски тест. За децата од училиштата и градинките овој период ќе биде пет дена, под претпоставка дека имаат негативен тест.

Портпаролката на здружението, Сузан Џон, изјави за ТВ каналот ЗДФ дека лекарите се критични во овој поглед бидејќи стравуваат дека тогаш инфекциите ќе се пренесат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.