Нова мерка во Грција - казна од 100 евра за невакцинираните лица кои имаат над 60 години

Во Грција од недела стапува на сила нова епидемиолошка мерка.

Владиниот портпарол Јанис Економу изјави за новинарите дека невакцинираните лица постари од 60 години ќе треба да плаќаат по 100 евра месечно.

 

 

Тој објасни дека оваа мерка е неопходна, бидејќи девет од 10 смртни случаи од корона припаѓаат на таа возрасна група.

Дополнително, седум од 10 интубирани пациенти во одделенијата за интензивна нега ковид се постари од 60 години.

Осум од десет се невакцинирани, додава тој за „Економист“.

Атина на крајот на ноември објави задолжителна вакцинација за лицата постари од 60 години.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.