Бајден и запрети на Русија - ако Путин оди во Украина, тоа ќе има големи последици

Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција во Белата куќа по повод првата година од неговото претседателствување рече дека тоа е година на предизвици и напредок, посочувајќи дека ако Русија оди во Украина, тоа ќе има катастрофални последици.

Тој рече дека Москва ќе сноси одговорност доколку, како што наведе, „ја нападне Украина“, пренесува АП.

 

 

– Претпоставувам дека Путин ќе тргне кон Украина – рече американскиот претседател, додавајќи дека тотална инвазија на таа земја, сепак, би предизвикала одговор кој скапо ќе ја чини Русија и нејзината економија.

Бајден изјави дека верува оти Русија подготвува акција во Украина, иако смета дека Путин се уште не донел конечна одлука.

Американскиот лидер предложи дека ќе го ограничи пристапот на Русија до меѓународниот банкарски систем доколку ја нападне Украина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.