Законот за избирачко право не помина во американскиот Сенат

Законот за избирачко право, кој демократите и граѓанските организации го оценија како клучен за заштита на демократијата, не беше усвоен во американскиот Сенат.

Актот немаше поддршка од републиканците, а Демократите, иако имаат тесно мнозинство, не успеаја да го стават законот на гласање поради правилото „флајбастер“ - за кое треба да се согласат 60 сенатори.

 

 

Законот на Бајден за гласачко право предвидуваше дека денот на изборите е неработен ден, дозволува предвремено гласање и гласање по пошта - особено популарно за време на пандемија - и го овласти Секретаријатот за правда да интервенира во државите познати по попречување на гласањето. Предлогот беше усвоен од Претставничкиот дом.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.