Лавров и Блинкен утре во Женева - продолжуваат преговорите за безбедносните гаранции

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар утре ќе се сретнат во Женева, потврди руското Министерство за надворешни работи.

Главна тема на средбата ќе бидат натамошните чекори по прашањето за преговорите за безбедносните гаранции.

 

 

Тие разговараа и телефонски пред два дена, кога Лавров, во контекст на ситуацијата во југоисточна Украина, го повика државниот секретар да не шири шпекулации за наводната претстојна руска агресија, туку да ги принуди властите во Киев целосно да ги спроведат договорите од Минск.

Блинкен вчера беше во Украина, каде што разговараше за актуелната ситуација со претседателот Владимир Зеленски и министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеб.

Се очекува тој да престојува и во работна посета на Берлин и да се сретне со неговата германска колешка Аналена Бербок, која во вторник разговараше со Лавров во Москва.

Во последните месеци, Западот ја обвинува Русија дека наводно подготвува инвазија на Украина и дека Москва значително го зголемила своето воено присуство во близина на границите на Украина.

Разговорите на оваа тема се одржаа минатата недела на три нивоа - Русија-САД, Русија-НАТО и со претставници на ОБСЕ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.