Инвалид го преживеал цунамито во Тонга - пливал 24 часа до соседниот остров

Приказната за граѓанин на Тонга, кој бил зафатен од цунамито и кој пливал меѓу островите повеќе од 24 часа, е една од првите што излегла од оваа островска држава.

Лисала Фолау, пензиониран столар и инвалид, изјави за тонганската радиостаница Broadcom FM дека отпливал од својот остров Атат до два други ненаселени острова и, конечно, стигнал до главниот остров Тонгатапу, кој е на 13-ина километри, пренесува британскиот весник „Гардијан“.

 

 

Вели дека се скрил со семејството во источниот дел од куќата бидејќи брановите доаѓале од запад.

По тоа, со внуката се качил на дрвото, а брат му истрчал да побара помош. Но, кога во еден момент брановите стивнале, токму тогаш удрил поголем бран.

„Кога бранот пукна на копното веднаш под нас, јас и внука ми Елисива немавме за што да се држиме и паднавме во морето. Ова беше во 19 часот“, изјави Фолау.

Тој додаде дека после тоа, пливал и дека во еден момент, источно од островот Токио, видел полициски патролен чамец по кој мавтал, но тие не го виделе.

Потоа се обидел да стигне до островот Поло, до кој во неделата пливал од 10 до 18 часот, но таму немало никој, тврди тој, по што решил да се упати кон Сопа, кој се наоѓа на главниот остров Тонгатапу.

Околу 21 часот Фолау стигнал до куќа во Сопа.

Британски „Гардијан“, сепак, не успеа да утврди што се случило со синот и внуката на Фолау со кои бил во Атат.

Сепак, потврдено е дека по цунамито, загинале само три лица, од кои ниту едно не било од Ата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.