Ќерката на Борис Џонсон позитивна на Ковид-19 - има само шест недели

Минатата недела од кабинетот на премиерот соопштија дека член на семејството е позитивен на Ковид-19, без да биде наведено за кого станува збор, а се претпоставува дека е ќерка му.

Извор за „Дејли мејл“ изјавил дека таа прилично настрадала од вирусот што го добила кога имала само пет недели, но дека сега оздравува.

 

 

Џонсон не се појави во јавноста неколку дена по минатонеделното соопштение, а повторно се појави дури во вторникот кога даде интервју за „Скај њуз“ по повод скандалот „Партигејт“ поврзан со забавите организирани на Даунинг стрит.

Роми Ајрис Шарлот Џонсон е родена на 9 декември во Универзитетската болница во Лондон и живее со својот татко Борис, мајката Кери (33) и постариот брат Вилфред, кој има 20 месеци.

Минатиот четврток премиерот ја откажа посетата на Ланкашир, а Даунинг стрит рече само дека „член од семејството бил позитивен на Ковид-19“, без да даде име.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.