СЗО: Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 350 милиони

Вкупниот број на потврдени случаи со Ковид-19 ширум светот надми

на 350 милиони, додека бројот на починати надмина 5,6 милиони, соопшти СЗО.

Според овој извештај, заклучно со вторник, во светот се регистрирани дури 352.796.704 случаи на ковид-19 и 5.600.434 смртни случаи поврзани со болеста.

Бројот на потврдени случаи во текот на изминатиот ден е зголемен за 2.158.785, додека бројот на починати е зголемен за 6.189, пренесува Тасс.

 

 

Како што се наведува, најголем број новозаразени во светот во еден ден од почетокот на пандемијата е забележан на 20 јануари, кога во рок од 24 часа се регистрирани 4.041.420 случаи на Ковид-19, а границата од 300 милиони случаи била надмината на 8 јануари.

Најголем број случаи на коронавирус забележале САД (70.153.597), потоа Индија (39.799.202), Бразил (24.044.255), Франција (16.347.127) и Велика Британија (15.953.689).

Најголем број на смртни случаи забележале САД (860.113), потоа Бразил (623.097), Индија (490.462), Русија (327.448) и Мексико (303.183), според Тас.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.