Украина подготвена да ги врати телата на руските војници во Русија

Украинската војска соопшти дека е подготвена да ги испрати телата на руските војници назад во Русија во согласност со меѓународното право, пренесе Ројтерс.

Властите велат дека телата биле натоварени во ладилници по борбите во Киев и регионот Черниговски.

– Според нормите на меѓународното хуманитарно право, а Украина строго се придржува до нив, по завршувањето на активната фаза на конфликтот, страните мора да ги вратат телата на армијата на друга земја. Украина е подготвена да му ги врати телата на агресорот - изјави Володимир Ламзин, шеф на украинската цивилно-воена соработка.

Тој рече дека неколку ладилници се стационирани во различни региони низ Украина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.