Бајден: Подготвени сме да употребиме сила за одбрана на Тајван
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 23 Мај 2022
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе биде подготвен да употреби сила за да го одбрани Тајван. Тој рече дека САД стојат покрај другите земји за да се осигураат дека Кина не може да употреби сила во Тајван.
За време на прес-конференцијата со јапонскиот премиер Фуми Кишида, американскиот претседател рече дека размислува за намалување на тарифите за кинеските стоки додека ги зголемува повиците до ОПЕК, организацијата на земјите извознички на нафта, за зголемување на производството на нафта.
- Размислувам за тоа. Ние не наметнавме ниту една од овие давачки. Тие беа наметнати од минатата администрација и тие се на разгледување - рече Бајден, пренесе Ројтерс.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс