Набргу прво судење на руски војник за силување во Украина

Украина денеска се очекува да одржи подготвително рочиште на првото судење на руски војник обвинет за силување на Украинка за време на војната, објави „Ројтерс“. Ова е прв од десетината вакви случаи.

Обвинетиот 32-годишен Михаил Романов не е во притвор во Украина и ќе му се суди во отсуство. Русинот е обвинет за убиство на цивили на 9 март во регионот на главниот град Киев и за повеќекратно силување на сопругата на убиен маж, според судските документи.

Москва ги отфрли обвиненијата за воени злосторства.

Романов е обвинет за силување на 33-годишна жена откога тој и друг руски војник го застрелале нејзиниот сопруг Олексиј во селото Боданивка, североисточно од Киев. Двајцата војници потоа заминале, а подоцна се вратиле уште двапати за да ја силуваат жената, според судските записи. Идентитетот на другиот војник не е утврден.

Обвинителот, кој работи на случаи на сексуално насилство, изјави за „Ројтерс“ дека се истражуваат до 50 такви злосторства извршени за време на војната во Украина, но дека бројот на случаи на сексуално насилство извршени од руски војници, веројатно, ќе биде значително поголем.

Официјални лица, активисти и лекари рекоа дека многу силувани Украинки не сакале да контактираат со полицијата и Обвинителството поради страв од руска стигма и одмазда.

Украина истражува илјадници потенцијални воени злосторства извршени за време на руската инвазија на 24 февруари. Главниот обвинител Ирина Венедиктова изјави за „Ројтерс“ дека многу од осомничените се во Русија, но дека некои од нив биле заробени во Украина како воени заробеници.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.