Претседателот на Кина: Западот ги користи санкциите како оружје!

Кинескиот претседател Си Џинпинг остро ги осуди санкциите на Западот наведувајќи дека тие се користат како оружје во глобалната економија.

Повика на единство при сооувањето со финансиските предизвици, јавува „CNN“.

„Трагедијата на минатото ни кажува дека хегемонијата, групната политика и конфронтацијата на блоковите не носат ниту мир, ниту сигурност, носат само војни и судири“ рече Џинпинг.

За украинската криза напомена дека е „уште еден повик за будење на сите во светот“ и потсетување дека „обидите за  ширење на воени сојузи не ја обезбедуваат сигурноста“.

Си Џинпинг за санкциите на Западот прокоментира дека се „меч со две острици“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.